Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

пред 5 часа

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, имаше поздравно обраќање на отворањето на дијалогот Шлезвиг-Холштајн–Западен Балкан за јакнење на социјалната кохезија и заштитата на малцинствата, организиран во Академијата Занкелмарк во Оеверзе, Германија.

Во своето обраќање, Сали истакна дека довербата во институциите се гради преку еднаква примена на законот, достапни јавни услуги и суштинско учество на граѓаните во одлучувањето.

Осврнувајќи се на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, тој ја нагласи одговорноста принципите на еднаквост и застапеност да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните. Сали посочи и дека реформите во процесот на пристапување кон Европската Унија треба да ја зајакнат довербата во општеството.

Тој ја изрази подготвеноста на Северна Македонија да ги сподели своите искуства и да развива соработка меѓу институциите и општините од регионот и германските партнери, со фокус на вклучувањето на заедниците и подобрувањето на јавните услуги.

Текстот Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top