Иранската амбасада во Индија го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп по тешкиот пораз на Републиканската партија на изборите во САД.
На својот официјален профил на платформата Икс, амбасадата објави видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое се гледа како телохранителите на Трамп го носат американскиот претседател и го фрлаат во контејнер за отпад, на кој стои натпис „Опасен отпад“.
The U.S. midterm elections 😄 https://t.co/KDm874Cb1f
— Iran in India (@Iran_in_India) November 4, 2026
Видеото беше придружено со кратка порака: „Избори во САД“, проследена со емотикон.
Ова претставува отворено исмевање на Трамп и на изборниот неуспех на неговата Републиканска партија.
Текстот Иранската амбасада во Индија го исмеа дебаклот на Трамп: објави видео генерирано со вештачка интелигенција е превземен од МАКФАКС.




