Нови детали за двојната смрт во Богданци: се истражува убиство и самоубиство, претходно имало пријава за насилство

Нови детали за двојната смрт во Богданци: се истражува убиство и самоубиство, претходно имало пријава за насилство

пред 2 часа

Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство во случајот со двете безживотни тела пронајдени вчера во Богданци, едното во опожарено возило, а другото во негова непосредна близина,  велат од Обвинителството.

Оттука информираат дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и издал повеќе наредби за обезбедување докази. Наредена е обдукција на двете тела, а обезбедени се и снимки од видеонадзор. Случајот дополнително ќе се истражува за целосно утврдување на околностите.

Од Обвинителството потврдија дека претходно, на 16 октомври, била поднесена пријава за загрозување на сигурноста, по која веднаш започнало да се постапува. Во меѓувреме, во граѓанска постапка, на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство.

Според неофицијалните информации објавени претходно, во опожареното возило била пронајдена 17-годишна девојка, за која постојат сомнежи дека била убиена од нејзиното 21-годишно момче, кое исто така било пронајдено мртво на местото на настанот. Дел од медиумите повикувајќи се на свои извори од истрагата претходно јавија дека девојката подолг период била изложена на насилство од страна на момчето, а бил пријавен и физички напад.

Случајот со двете безживотни тела бил откриен вчера кога жител на Богданци пријавил дека на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село, забележал опожарено паркирано возило, во чија близина имало безживотно тело.

Полициските службеници утврдиле дека лицето пронајдено покрај автомобилот е 21-годишниот В.Г. од Богданци, чија смрт ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Општата болница во Гевгелија. Откако пожарникарите го локализирале пожарот, во внатрешноста на возилото било пронајдено уште едно опожарено безживотно тело кое припаѓало на младата девојка.

Текстот Нови детали за двојната смрт во Богданци: се истражува убиство и самоубиство, претходно имало пријава за насилство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top