Telegraf.mk воведува мобилно читање вести со навигација преку гестови

Telegraf.mk воведува мобилно читање вести со навигација преку гестови

пред 3 часа

Следна вест нагоре, цела тема лево – брз информативен преглед без постојано отворање страници.

Дали информативен портал може да се користи целосно само со движење на еден прст? Telegraf.mk покажува како познатата мобилна интеракција може да се примени во секојдневното читање вести.

Наместо вообичаениот циклус „отвори статија – прочитај – врати се назад“, мобилната верзија овозможува континуирано прелистување. Еден свајп (лизгање со прст) нагоре носи следна блиц вест. Свајп лево ја отвора целата тема и поврзаните медиумски објави.

Една вест. Еден екран.

Секоја вест е претставена во fullscreen мобилен приказ, со фотографија, информативен наслов и краток текст. Форматот е доволно краток за брзо информирање, но остава можност читателот да навлезе подлабоко во темата кога ќе посака.

Интерфејсот ги става содржината и читливоста во прв план: крупни наслови, минимална навигација и јасни гестови за движење меѓу вестите. Резултатот е искуство приспособено на навиките на мобилните корисници, без постојани прекини со нови страници. Со еден клик се избира и редоследот на содржините: „Најнови“ за актуелниот тек или „Топ вести“ за најзначајните теми.

Различно искуство за различни екрани

На desktop, telegraf.mk го задржува информативниот преглед со хронолошка листа и можност кратката вест да се прошири на истата страница. На мобилен, пак, главната улога ја има навигацијата со гестови: нагоре за следната вест, лево за целата тема.

Порталот опфаќа вести од Македонија и светот, економијата, технологијата, забавата и спортот. Telegraf.mk е дел од дигиталниот екосистем на Media Connectivity.

Цел сајт. Еден свајп.

telegraf.mk – Блиц вести. Најкратко. Најтазе.

www.telegraf.mk

ПР

Share
Scroll to Top