(Видео) Масакр во Турција: осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

(Видео) Масакр во Турција: осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

пред 2 часа

Најмалку осум лица беа убиени со пушка на три различни локации во селата Ајазини и Киџир во регионот Ихсанија, напаѓачот е во бегство и се спроведува интензивна потрага по него, објавија турските медиуми.

Напаѓачот со пушка убил пет лица во два автомобила во областа Ихсанијa, а уште три лица на друга локација.

„Три жени беа убиени со пушка во селото Џукаритандир. Напаѓачот потоа избегал со црвено возило, а во селото Ајазини убил три лица, исто така во автомобил и повторно избегал. Во селото Киџир убил уште две лица. Тој сè уште е во бегство“, пишува порталот „Јени Шафак“.

Полицијата ги блокираше сите патишта што водат до областите каде што се случија убиствата.

Текстот (Видео) Масакр во Турција: осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top