Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година  уште посилен извештај од ЕК

Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави:

„Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи коишто веќе се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупција и владеењето на правото. Бидејќи извештајниот период завршува до 31 август, а во процесот на реформската агенда ние направивме многу реформи коишто се исто така дел од она коешто е важно и коешто претставува дел од овие извештаи на самата Европска Унија. Така што очекувам следната година да имаме уште посилен извештај со што ќе се потврдат напорите на оваа Влада и амбицијата да биде во суштина реформска Влада.

Мицкоски подвлече дека ставот на Владата за уставните измени останува непроменет.

„Што се однесува до уставните измени, нашиот став како Влада е јасен и тој е непроменет. За жал поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада на СДСМ и Демократската унија за интеграции, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени. Иако многу пати во тоа време предупредуваме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа. И сега ние можеби, сме единствениот пример којшто покрај оние суштински реформи коишто треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед. Се надевам дека тој дијалог на крај ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес којшто конечно после еве, 21 година откако се стекнавме со кандидатски статус и 26 години откако го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација ќе можеме да отпочнеме со процесот на преговори.“

Текстот Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top