Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во владината уредба објавена денеска, со цел да се обезбеди доволно количество за домашниот пазар.
Владата го утврди лимитот за извоз на странските пазари на 18,8 милиони тони ѓубрива за наведениот период.
Оваа бројка опфаќа 11,3 милиони тони ѓубрива на база на азот и 7,5 милиони тони сложени ѓубрива.
Квотата за периодот од јуни до ноември изнесува 20 милиони тони, додека за периодот од декември минатата година до крајот на мај беше дозволен извоз на 18,7 милиони тони ѓубрива без царина.
Русија произведува повеќе од 20 отсто од светските ѓубрива и, според податоците на Европската комисија, минатата година учествувала со 22 отсто во увозот на ЕУ.
Во текот на целата 2025 година, Русија извезла околу 43 милиони тони минерални ѓубрива, при што вкупната вредност на испораките надминала 11 милијарди долари, изјави кон крајот на јануари министерката за земјоделство Оксана Лут.
Текстот Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива е превземен од МАКФАКС.





