(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

пред 25 минути

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната на Мото ГП. Спринтот го одбележа инцидентот и тешкиот пад на Бањаја во дуелот со Алдегер, како и контактот меѓу Маркез и Бецеки, по кој Италијанецот падна и ја заврши трката.

Шпанецот ја освои својата 10-та победа во спринтот оваа година во Лусаил, пред пред Фабио ди Џанантонио. На третото скалило на подиумот беше возачот на Априлија, Хорхе Мартин, кој возеше херојска трка, откако пред две недели доживеа фрактура на зглобот на десната рака. Шпанецот стартуваше пд 11-та позиција.

Епилогот од оваа трка значи дека Маркез моментално е 49 поени пред Мартин во трката за титулата, што значи дека има прва меч-топка за 10-та титула во недела. Актуелниот шампион може да ја одбрани титулата ако победи, а возачот на Априлија не е меѓу освојувачите на бодови.

Спринтот, патем, беше прекинат по само еден круг, поради сериозен инцидент во кој возачот на Гресини, Фермин Алдегер, со крајно невнимателен потег го исфрли Франческо Бањаја, кој полета откако беше удрен од Шпанецот.

Трката беше прекината, а по повторениот старт, спринтот беше решен во четвртиот круг, кога Бецеки нападна од внатрешната страна, Маркез излезе широко, и додека тој почнуваше да се враќа на патеката, се случи контакт со Бецеки. Италијанецот падна по контактот, додека актуелниот шампион остана на патеката, кратко беше нападнат од Мартинпотоа да биде нападнат од Мартин за водство, но возачот на Дукати веднаш возврати и успеа да се одвои, додека Мартин во претпоследниот круг му ја препушти втората позиција на Диантонио.

Трката за Големата награда на Катар утре се вози од 17 часот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top