Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

пред 55 минути

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова е прва од низата планирани средби со жртви за време на дванаесетдневната турнеја на Папата низ Јужна Америка.

Папата Лав, првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, е на турнеја низ три земји, која завршува на 17 ноември. Средбите со жртвите на злоставување станаа редовен дел од неговите меѓународни патувања, преку кои тој се обидува да го врати угледот на Црквата, кој беше нарушен од скандали.

Од Ватикан соопштија дека средбата траела повеќе од еден час. Папата ги слушнал сведоштвата на жртвите и ја потврдил својата посветеност кон зајакнување на заштитните механизми во рамките на Црквата.

„Папата разговараше со секој од нив поединечно. Ги слушна нивните зборови, нивните болни лични приказни, како и нивните предлози за тоа како да се зајакнат процесите на закрепнување во рамките на Црквата“, се вели во официјалното соопштение.

„На нив, а преку нив и на сите други жртви со кои не можеше да се сретне, Папата им ја изрази својата блискост. Тој нагласи дека сака да ја зајакне заштитата, љубезноста, прифаќањето и поддршката во рамките на Црквата“, се додава во соопштението.

Текстот Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top