ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

пред 48 минути

„Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу!“, велат од ЛДП.

„Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода.

ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист!

Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!“, се наведува во соопштението на ЛДП.

Текстот ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top