Кошаркарите на Бостон славеа победа 123:101 во дербито, на Атлантик дивизијата, во НБА лигата.
Блескаше Пол Џорџ, кој се врати во Филаделфија, по летниот трејд, во кој, во спротивна насока замина Џејлен Браун.
Џорџ ги засени сите на теренот постигна 36 поени во победата на Селтикс. Џејсон Тејтум имаше 21 поен и шест скока, додека Пејтон Причард забележа 18 поени и шест скока.
Во тимот на Филаделфија, Тајрис Макси беше најефикасен со 24 поени, додека Леброн беше на работ на дабл-дабл со 11 поени и осум скока.
Филаделфија го забележа само вториот пораз на домашен терен од почетокот на сезоната.
Портланд ја победи Оклахома со 123:103 на домашен терен. Портланд мечот го реши во третиот период, во кој стекнаа предност од 17 поени.
Демијан Лилард го предводеше Портланд со 25 поени, а еден помалку имаше Дени Авдија, кој одигра еден од подобрите натпревари од почетокот на сезоната.
Двократниот НБА МВП ,Шеј Гилџис-Александер беше единствената светла точка за Оклахома со 26 поени и осум скока.
Резултати:
Њујорк Никс – Милвоки 117:85
/Бренсон 23 – Жакес 16/
Феникс – Лос Анџелес Клиперс 133:110
/Гудвин 18 – Гарланд 13/
Јута – Мајами 109:115
/Питерсон 25 – Адетокунбо 30/
Сакраменто – Орландо 100:107
/Лавин 31 – Вагнер 33/






