Џесика Пегула и Линда Носкова, забележаа победи во второто коло, во А групата, на ВТА финалето во Индијан Велс.
Американката Пегула го доби мечот против Украинката Марта Костјук со 6:2, 7:5 и ги задржа шансите за пласма во полуфиналето.
Два брејка беа доволни Пегула да го освои првиот сет, додека во вториот и беше довелен брејкот во 11-от гем.
По поразот од Коко Гоф во првото коло, американската тенисерка ја оствари својата прва победа.
Марта Костјук ги загуби сите шанси да биде во полуфиналето, а треба да се потсетиме дека таа влезе на овој турнир по повредата на светската број 1, Елена Рибакина.
Во вториот меч Линда Носкова беше подобра од домашната тенисерка Коко Гоф во два сета 6:3, 6:3.
Во првиот сет се случи фестивал на брејкови, Носкова и Гоф само една ги освоија своите сервис гемови. Во тој „хаос“ Носкова за нијанса беше подобра.
Дијаметрално спротивни беа работите во вториот сет. Забележан е само еден брејк, кој и беше на Носкова да победи во два сета.
Носкова сега има две победи по ист број одиграни натпревари и е на прагот да стигне до полуфиналето. Особено што во третото коло игра против Костјук, кој ги загуби сите шанси.
Foto/ Depositphotos






