(Видео) Хет-трик на Рејдерс, Холандија ја декласира Грција

(Видео) Хет-трик на Рејдерс, Холандија ја декласира Грција

пред 58 минути

Холандската репрезентација ја победи Грција со 7:0 (5:0) во натпреварот од петтото коло на Лигата на нации А, во групата 2.

Публиката на „Кројф Арена“ сведочеше на еден од најубедливите порази на Грција во историјата на националниот тим.

Грците ги декласира Тижани Рејндерс со хет-трик во периодот од 12-та до 33-та минута.

Катастрофата на Грција ја најави во шестата минута, Крусенсио Самервил. Потоа следуваше хет-трикот на Рејндерс, а „петардата“ во првиот дел ја пукна Тимбер во 40-та минута..

Во 59-та минута, Тимбер го зголеми резултатот на 6:0 со уште еден удар од неколку метри од голот, а две минути подоцна Даниел Мален стави точка на натпреварот.

Ова беше прв пораз за Грците во група во која се Германија, Холандија и Србија.

Пред следното коло (16 ноември) Грција ќе ја пречека Србија, а Холандија ќе гостува во Германија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top