Ива од Виница и Зорана од Скопје освоија две титули на „Мис Тин Планет“ во Бургас

Ива од Виница и Зорана од Скопје освоија две титули на „Мис Тин Планет“ во Бургас

пред 10 часа

Петнаесетгодишната Ива Георгиева од Виница и четиринаесетгодишната Зорана Блажевска од Скопје се враќаат со две признанија од меѓународниот избор „Мис Тин Планет 2026“, што неодамна се одржа во Бургас, Бугарија. Ива ја освои титулата „Мис талент“, додека Зорана го доби признанието „Мис модел“.

Двете девојки ја претставуваа Македонија на натпреварувањето, на кое главната титула ѝ припадна на претставничката на Грузија.

Ива и Зорана се членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за претставување на Македонија на изборот. Со освоените титули, двете млади учеснички добија признанија во различни категории.

„Мис Тин Планет“ е меѓународен избор за тинејџерки, кој се одржува во организација на агенцијата „Интерсаунд“ од Софија. Годинешното издание се одржа во бугарскиот град Бургас.

Извор: Независен весник.

Share
Scroll to Top