(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

пред 55 минути

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на ноќта во провинцијата Илам, во западниот дел на Иран.

Информацијата ја соопшти гувернерот на округот Абданан, Бехзад Нурмохамади, за иранската новинска агенција ИРНА.

Повредените биле пренесени во болници во Илам, Дехлоран, Дезфул и Абданан, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на несреќата биле испратени 12 спасувачки екипи со вкупно 32 членови, шест амбулантни возила и уште шест возила за помош и спасување.

Текстот (Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top