(Видео) Белгија ја декласира Италија, Франција ја победи Турција

(Видео) Белгија ја декласира Италија, Франција ја победи Турција

пред 1 час

Неделната вечер донесе возбудлив расплет на последните натпревари од шестото коло од Лигата на нации, од Лигата А, во групата 1. Франција го освои првото место со победа над Турција во Бордо, додека Белгија повторно ја победи Италија за второто место во групата.

„Триколорите“ беа домаќини на најслабиот тим во групата, селекцијата на Турција, и победија со 2:1 на стадионот „Матмут Атлантика“ во Бордо.

По поразот од Италија во Милано (1:3) пред три дена, Французите сакаа да ја покажат реакција пред своите навивачи и да го потврдат своето место во четвртфиналето со три нови бода.

Не блескаа, но ја исполнија целта. Избраниците на Зинедин Зидан поведоа во 49-та минута со автогол на Емирхан Тобџу по корнерот на Рајан Шерки.

Предноста ја удвои дебитантот Ели Жуниор Крупи. Тој влезе во игра наместо Баркола во 63-та минута, а постигна гол во 80-та минута по додавање од Шерки.

Во 53-тата минута, на Турците им беше поништен голот на Арда Гулер поради офсајд, но на крајот од натпреварот сепак успеаја да постигнат почесен гол преку Абдулкерим Бардакчи.

Франција го освои првото место во групата со 13 бода, еден повеќе од Белгија, која беше подобра од Италија во последното коло. Турција го заврши натпреварувањето без бодови.

Белгија блескаше на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел. „Црвените ѓаволи“ повторно беа подобри од „Азурите“, откако славеа со 2:0 на гости. Во Брисел победија со 4:1 и покрај тоа што Италија поведе во 11-та минута со голот на Франческо Пио Еспозито по центаршутот на Кајоде од десното крило.

Сепак, Белгијците експресно одговорија. Само четири минути подоцна Максим Де Кајпер израмни, во 22-та минута Натан Нгој го комплетираше пресвртот, а во 26-та минута Џереми Доку го совлада Џиџи Донарума по трет пат за 3:1.

Две асистенции забележа Шарл Де Кетеларе.

Белгијците можеа да постигнат четврти гол во 43-та минута, но Кевин Де Брујне ја погоди стативата. До тој четврти гол стигнаа во 80-та минута преку младиот Диего Мореира.

Во финишот, Италија и Еспозито можеа да постигнат втор гол, но Ламенс го одбрани неговиот пенал.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top