Работнички во „Јане Сандански“ го победи МЗТ

Работнички во „Јане Сандански“ го победи МЗТ

пред 4 минути

Кошаркарите на Работнички, по речиси три години успеаја да го победата вечниот ривал МЗТ. Вечерва во „Јане Сандански“, во дербито на седмото коло, Работнички го победи МЗТ со 74:60.

Третата четвртина беше клучна за конечниот победник. Во неа Работнички го декласира МЗТ со 21:6 и во последниот период влезе со плус од 12 поени.

Претходно, Работнички подобро го отвори натпреварот, но МЗТ возврати со серија 18:1 и дојде до двоцифрена предност (29:19).

Во последниот период, Работнички рутински ја задржа стечената предност.

Работнички до седмата победа во исто толку натпревари го предводеа Ефремовски со 17 поени, Елингсворт имаше 14 поени и 10 скока, а Рикиќ 12 поени и девет скока.

Подобри од останатите кај МЗТ беа Мекиќ со 14 поени и 12 скокови, односно Војдан Стојановски со 10 поени.

МЗТ се наоѓа на второто место на табелата со пет победи и два порази.

Foto/ facebook.com/KK.Rabotnicki.Skopje

Share
Scroll to Top