Проданоски: Повеќе од 200 млади во Прилеп дебатираа како европратеници, наша обврска е да им дадеме можност

Проданоски: Повеќе од 200 млади во Прилеп дебатираа како европратеници, наша обврска е да им дадеме можност

пред 3 часа

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, запознавајќи се со работата на европските институции, процесот на носење одлуки и значењето на демократската дебата.

Иницијативата на Младинскиот совет – Прилеп ја поздрави градоначалникот Дејан Проданоски, кој оцени дека ваквите активности ги поттикнуваат младите критички да размислуваат, да ги аргументираат своите ставови и да ги почитуваат различните мислења.

„Прилеп има млади луѓе со потенцијал да го водат градот во вистинска насока. Треба да им дадеме можност тој потенцијал да го покажат и да го претворат во дела“, истакна Проданоски.

Според него, големиот интерес за настанот покажува дека во градот има генерација подготвена активно да се вклучи во општествените процеси и да преземе одговорност.

Градоначалникот нагласи дека симулацијата им овозможува на учесниците преку практично искуство да се запознаат со европските вредности, правилата и стандардите што се применуваат и во секојдневниот живот.

Тој им се заблагодари на членовите на Младинскиот совет за трудот и ентузијазмот вложени во организацијата на настанот.

„На младите им треба простор да учат, да прашуваат, да дебатираат и да бидат дел од одлуките. Наша обврска е да им го овозможиме тоа, затоа што иднината на Прилеп треба да ја градат млади, образовани и одговорни луѓе“, порача Проданоски.

Share
Scroll to Top