Ѓорѓиевски им додели признанија на најдобрите просветни работници во Скопје

Ѓорѓиевски им додели признанија на најдобрите просветни работници во Скопје

пред 38 минути

Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, вечерва им додели признанија на најдобрите просветни работници во Скопје.

„Вечерва, во името на скопјани, заедно со Здружението на просветни работници на Град Скопје, им ги доделив годинешните признанија на најдобрите просветни работници и им кажав едно искрено благодарам. Признанијата им припаднаа на воспитувачи, наставници и професори од скопските градинки, основните и средните училишта, ученичките домови и училиштата за деца со посебни образовни потреби“, рече градоначалникот.

Добитниците се избираат преку јавен конкурс, со бодирање според однапред утврдени критериуми.

„Драги просветни работници, вие му подавате рака на детето што првпат го преминува прагот на градинката. Ја препознавате дарбата и кај ученикот што сè уште се плаши да крене рака. Со вашата поддршка, еден ден тој ќе застане пред целиот клас и гласно ќе го каже своето мислење. Токму тие моменти се паметат цел живот. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности“, рече Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски им додели признанија на најдобрите просветни работници во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top