Николоски–Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и економската соработка со САД

Николоски–Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и економската соработка со САД

пред 4 часа

Економската и трговската соработка, инфраструктурните проекти и безбедноста во регионот беа меѓу темите на работната средба на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на САД во земјава.

На средбата била потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и натамошното унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на економијата и трговската размена.

Соговорниците разговарале и за реализацијата на инфраструктурните проекти од национален и регионален интерес. Николоски истакнал дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се одвива со одлична динамика и согласно предвидените рокови.

На средбата станало збор и за соработката во рамки на НАТО, како и за прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

Била разгледана и поддршката од САД за реформските процеси во Македонија, при што била нагласена важноста од континуитет на партнерските односи, заедничка работа на приоритетите и продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Share
Scroll to Top