Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на проблемот со добитокот во Крива Паланка

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на проблемот со добитокот во Крива Паланка

пред 34 минути

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка, посветен на усогласување на заедничките чекори за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот на територијата на општината.

На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот, Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, претставници на Министерството за внатрешни работи и национален координатор од Владата.

Од Општина Крива Паланка присуствуваа градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб, како и претседателот на Советот на Општината, Миле Трајковски.

„Разговорите беа насочени кон координација на надлежните институции и усогласување на натамошното постапување, заради заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните. Разговорите и координацијата продолжуваат и во текот на утрешниот ден, со цел усогласување на заеднички став и утврдување на следните активности. За исходот од разговорите и договорените чекори, граѓаните и јавноста ќе бидат навремено информирани“, соопштија од Општина Крива Паланка.

Текстот Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на проблемот со добитокот во Крива Паланка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top