СДСМ: „51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов“

СДСМ: „51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов“

пред 54 минути

„Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани“, велат од СДСМ.

„Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во вториот пензиски столб во рок од пет дена.

А поминале месеци.

Тоа повлекува кривична одговорност која треба да започне од Никола Мемов, директор на Фондот на ПИОМ.

СДСМ бара парите веднаш да се префрлат и Јавното обвинителство да постапи и да утврди одговорност.

Работниците ги заработиле тие пари. Власта е должна да ги префрли, а одговорните за доцнењето да одговараат“, соопшти СДСМ.

Текстот СДСМ: „51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top