(Фото) Општина Кисела Вода и „Нула Отпад“ со проектот „Мал еко херој“ во градинките

(Фото) Општина Кисела Вода и „Нула Отпад“ со проектот „Мал еко херој“ во градинките

пред 10 часа

Преку интерактивни активности прилагодени на нивната возраст, дечињата од градинката „Пеперутка 3“ од Драчево, денес станаа вистински „мали еко херои“. Заедно со тимот на „Нула Отпад“ и нивниот главен лик, роботчето Нула, тие преку анимирани приказни, песни и едукативни игри учеа зошто старите батерии и расипаните електронски уреди не смеат да завршат во обичните канти за смет и како со рециклирање се штитат водата, почвата и природата, извести Општина Кисела Вода.

Најмладите имаа можност практично да покажат колку научиле преку игрите за селекција на отпад, положија свечена еко-заклетва дека ќе ја чуваат околината, а на крајот секое дете доби диплома „Мал еко херој“, додека градинката се стекна со признанието „Градинка-пријател на природата“, велат од Општината.

„Големо задоволство е да се видат најмладите како со толку ентузијазам, преку игра и дружење, ги учат првите и најважни лекции за заштита на животната средина. Кампањата „Мал еко херој“ на „Нула Отпад“, која се реализира во градинките низ Кисела Вода, е одличен начин кај децата уште од мали нозе да развиеме свест за значењето на рециклирањето и правилното постапување со електронскиот отпад и батериите. Како локална самоуправа, во Општина Кисела Вода, постојано работиме на подигнување на еколошката свест кај сите генерации и создаваме услови граѓаните полесно да селектираат“, кажа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Во таа насока, токму пред оваа, но и пред сите останати детски градинки и основни училишта на територијата на општината, како и пред месните заедници, веќе имаме поставено специјални контејнери за текстилен отпад. Особено ме радува што граѓаните ја препознаа оваа иницијатива и активно се вклучија, па за само една година од сите локации во општината се собрани над 10 тони текстилен отпад. Продолжуваме со вакви проекти, бидејќи чистата животна средина е наша заедничка одговорност“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Текстот (Фото) Општина Кисела Вода и „Нула Отпад“ со проектот „Мал еко херој“ во градинките е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top