Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

пред 4 часа

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.

„Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“
По години негрижа, денес нашите екипи темелно го исчистија подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.
Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука.
Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек„.

Апелира до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците.

„Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици.
Грижата за Скопје е секојдневна.
Ние ќе продолжиме да го чистиме.
Да го чуваме заедно“.

Текстот Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top