Кошаркарскиот клуб Партизан потврди дека го продолжил договорот со тренерот Џоан Пењароjа.
„На состанокот на Управниот одбор на КК Партизан, беше потврдена одлуката за потпишување на нов договор со тренерот на црно-белите, Џоан Пењароjа, и со тоа продолжување на соработката до летото 2029 година.#
Шпанецот го презеде Партизан во декември 2025 година и до крајот на сезоната успеа да ги одведе црно-белите до финалето на АБА лигата.
Во тековната сезона, во голема мера реновираниот тим на Партизан има учинок од седум победи и шест порази на почетокот на Евролигата, додека во регионалното првенство црно-белите имаат шест победи и еден неуспех.
„Со овој потпис, се потврдува заедничката визија на клубот и тренерот во борбата за нови успеси достојни на името и амбициите на Партизан“, соопшти Партизан.
Foto/ Depositphotos






