Фудбалерите на Манчестер Сити и Фулам одиграа нерешено 1:1 во 11-то коло од Премиер лигата
Домашниот тим успеа да избегне пораз, бидејќи Фулам го отвори натпреварот подобро и поведе во 16-та минута.
Родриго Муниз ја затресе мрежата по асистенцијата од Оскар Боб и му донесе водство на гостинскиот тим.
Манчестер Сити се обиде да одговори, а Ерлинг Халанд успеа да постигне гол во 25-та минута, но тој беше поништен поради прекршок во акцијата што му претходеше.
Во вториот дел, Сити го зголеми притисокот, што им донесе гол во 57-та минута, кога конечно го скршија отпорот на противникот. Елиот Андерсон со волеј удар од работ на шеснаесетникот го совлада Лено.
Ова беше прв гол за Андерсон во дресот на Манчестер Сити.
Резултатот не се промени до крајот на 90-та минута, па двата тима завршија со бод во рацете.
По серијата од седм победи, ова беше четвртиот натпревар по ред за Сити во кој не успеаја да запише триумф.
Foto/ Depositphotos






