Хаос околу вештачката интелигенција на испитите во Јужна Кореја; министерот за образование поднесе оставка

Хаос околу вештачката интелигенција на испитите во Јужна Кореја; министерот за образование поднесе оставка

пред 37 минути

Јужнокорејскиот министер за образование, Чои Кјо-џин, поднесе оставка, преземајќи одговорност за збунетоста предизвикана од мерките воведени во последен момент, чија цел беше да се спречи мамење со помош на вештачка интелигенција за време на клучниот приемен испит за универзитетите, одржан минатата недела.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг ја прифати неговата оставка во рок од еден час и нареди сеопфатна ревизија на начинот на спроведување на националните испити, како и на соодветните законски прописи.

Мамење со помош на вештачка интелигенција
Владата набрзина воведе построги мерки откако еден кандидат, кој го постигнал најдобриот резултат на националниот испит за даночни сметководители, признал дека мамел користејќи минијатурна камера, паметен телефон и вештачка интелигенција.

За време на осумчасовниот испит, надлежните го ограничија пристапот до Wi-Fi мрежите, а на кандидатите им беа прегледани очилата и копчињата на облеката за да се откријат евентуални скриени уреди. Исто така, низ целата земја беа издадени предупредувања со цел да се спречи употребата на скриени мобилни телефони.

На испитот излегоа повеќе од 550.000 ученици
На испитот, кој игра клучна улога при уписот на најелитните универзитети во земјата, излегоа повеќе од 550.000 ученици.

Чои призна дека недоволната подготвеност и честите промени на правилата создале потешкотии како за учениците, така и за оние што биле одговорни за спроведување на испитот. Тој, исто така, се соочи со критики откако изјави дека, со оглед на неговата возраст, смета оти не би можел да открие мамење што вклучува вештачка интелигенција.

Текстот Хаос околу вештачката интелигенција на испитите во Јужна Кореја; министерот за образование поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top