(Видео) Нгумоа урна рекорд во најголемото англиско дерби

(Видео) Нгумоа урна рекорд во најголемото англиско дерби

пред 37 минути

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 4:0 во 11-то коло од Премиер лигата на „Енфилд“. Рио Нгумоа беше насекаде на теренот, а забележа и интересен рекорд.

Со 18 години и 85 дена, Рио Нгумоа е најмладиот играч на Ливерпул кој постигнал гол против Манчестер Јунајтед.

Во 75-те минути што ги помина на теренот, Нгумоа забележа асистенција за голот што го постигна Флоријан Вирц.

Покрај тоа, имаше 80 контакти со топката, 42 успешни додавања (од 47), 20 контакти со топката во противничкиот шеснаесетник.

Тој доби шест дуели, освои посед шест пати, беше фаулиран четири пати, создаде четири шанси и упати четири удари кон голот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top