Диего Симеоне влезе во историјата на Ла Лига

Диего Симеоне влезе во историјата на Ла Лига

пред 46 минути

Атлетико Мадрид победи кај Хетафе со 3:0 и го задржа чекорот со Барселона и Реал во шпанското првенство. Со овој триумф, Диего Симеоне, стана тренер со најмногу победи во историјата на Ла Лига.

Импресивно е што Симеоне сите победи ги забележа со Атлетико на чија клупа седна во декември 2011 година.

На вечната листа, Чоло го мина легендарниот Луис Арагонес, тренерот што и ја донесе првата голема титула на Шпанија, кога во 2008 година „Црвената фурија“ стана европски првак.

Натпреварот против Хетафе беше 567-ми за Симеоне во Ла Лига. Покрај 345-те победи, има и 99 порази, односно 123 нерешени.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top