Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство, пациентите трпат додека Клековски тендерира, велат од Левица

Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство, пациентите трпат додека Клековски тендерира, велат од Левица

пред 33 минути

„Утрово пациентите останаа без клучни цитостатици, вклучително и Paclitaxel на Клиниката за Онкологија и Радиотерапија. До Левица пристигнаа информации и дека Клиниката за Инфективни болести речиси никогаш не администрира тетанус антисерум, иако е единствена институција од терциерно здравство која треба да го има постојано. За набавките на лекови преку националната програма за ретки болести, власта не плаќа, туку очекува “донации” од приватните веледрогерии“, велат од Левица.

Овој застој што, како што оценуваат, го создаде ДПМНЕ преку неплаќањето на обврските на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги остави пациентите без терапија.

Државата, додаваат од Левица е најголем должник и со години ги пробива сите законски рокови кон веледрогериите и приватните здравствени установи, товарот од неодговорното управување го плаќаат исклучиво граѓаните.

„Хронично болните и најранливите категории се оставени на милост и немилост – принудени со денови да талкаат по аптеки, да носат лекови од странство или да бидат враќани од клиниките затоа што нема лекови“.

Бараат МЗ и ФЗО да објават колку точно им должат на веледрогериите.

„Да направат оперативен план со државна веледрогерија и да понудат конкретен план за исплата на приватните“.

Текстот Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство, пациентите трпат додека Клековски тендерира, велат од Левица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top