(Видео) Брентфорд го декласира Евертон – Се зборува за голот на Јанелт

(Видео) Брентфорд го декласира Евертон – Се зборува за голот на Јанелт

пред 1 час

Витали Јанелт го изведе најдобриот потег на последниот натпревар од 11-то коло од Премиер лигата во кој Брентфорд му ја расипа специјалната вечер на легендарниот Дејвид Мојес.

Рекордниот 593-ти натпревар на Шкотланѓанецот како тренер на Евертон ќе биде запаметен по тешкиот пораз во западен Лондон, во кој Кин Луис-Потер постигна два гола во првото полувреме, Јанелт во второто полувреме со евро-гол и Фабио Карваљо ја запечатија судбината ан „Карамелите“.

Претходно, Џејмс Тарковски доби директен црвен картон во 40-та минута за опасен старт врз противникот и со тоа му помогна на домаќинот да се искачи на шестото место на табелата со практично половина сила, бидејќи гостите од Ливерпул навистина не беа достоен противник за тимот на тренерот Кит Ендрус овој понеделник вечерта.

Црвениот картон на Траковски е 114-ти на Евертон од основањето на Премиер лигата, па „Карамелите“ на оваа листа сега имаат „предност“ од четири картони во однос на второпласираниот Арсенал.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top