Кривична пријава за надзорник кој дал зелено светло за хотелски комплекс со нелегални градби во Охрид

Кривична пријава за надзорник кој дал зелено светло за хотелски комплекс со нелегални градби во Охрид

пред 1 час

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишниот Ѓ.Ч. од Кавадарци и против друштво за градежништво и трговија во негова сопственост, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според МВР, пријавениот, во својство на надзорен орган, составил и потпишал технички извештај со кој ставил во употреба хотелски комплекс на катастарска парцела „Елшани“ во Охрид.

Тој го сторил тоа иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издаденото одобрение за градење и дека во рамките на комплексот има нелегални градби.

Текстот Кривична пријава за надзорник кој дал зелено светло за хотелски комплекс со нелегални градби во Охрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top