Тоневски: Ракометното игралиште во Пробиштип добива нов лик и подобри услови за спортување

Тоневски: Ракометното игралиште во Пробиштип добива нов лик и подобри услови за спортување

пред 58 минути

Ракометното игралиште во центарот на Пробиштип добива нова спортска подлога, седишта на трибините и подобро осветлување. Реконструкцијата е во тек, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Со зафатот се предвидува уредување на просторот за подобри услови за спорт и рекреација на жителите.

Истиот проект опфаќа и набавка на резервен котел за СОУ „Наум Наумовски – Борче“, кој треба да обезбеди непречено функционирање на системот за греење во училиштето.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 4.679.000 денари, а го спроведува Центарот за развој на Источниот плански регион.

Најголемиот дел од средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека преостанатиот износ се финансира од буџетот на Општина Пробиштип.

Share
Scroll to Top