Циклон носи обилни врнежи од дожд, за време на викендот и снег

Циклон носи обилни врнежи од дожд, за време на викендот и снег

пред 3 часа

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 30 литри на метар квадратен). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени, јавува УХМР.

Под влијание на циклонска акивност, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Текстот Циклон носи обилни врнежи од дожд, за време на викендот и снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top