Коњановски: Битола формираше Совет за јавно здравје, превенцијата и здравите навики се заедничка одговорност

Коњановски: Битола формираше Совет за јавно здравје, превенцијата и здравите навики се заедничка одговорност

пред 1 час

Општина Битола формираше Совет за јавно здравје, кој ќе работи на утврдување на здравствените потреби на граѓаните, поставување приоритети и координација на локалните активности за превенција.

Ова го истакна градоначалникот Тони Коњановски на првиот национален форум „Општини за здравје“, каде што учествуваше на панел-дискусија посветена на улогата на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето.

Коњановски посочи дека врз здравјето на граѓаните влијаат и условите во кои тие живеат, учат, работат и се движат. Затоа, според него, за работата на Советот е важна соработката со Центарот за јавно здравје Битола, здравствените установи, училиштата и граѓанските организации.

Градоначалникот се осврна и на вложувањата во спортската инфраструктура, како дел од локалните напори за поттикнување физичка активност и здрави животни навики.

„Во Битола се реализираат проекти за изградба и реконструкција на 24 училишни спортски терени и четири спортски сали. Со ова создаваме подобри услови за спорт, физичка активност и здрави животни навики кај децата и младите“, рече Коњановски.

Форумот ги обедини претставниците на институциите, општините и здравствените партнери, кои разговараа за конкретни мерки за унапредување на здравјето во локалните заедници.

На настанот се обратија и министерот за здравство Сашо Клековски и претставникот на Светската здравствена организација во Македонија, Аким Али.

Share
Scroll to Top