Русија треба да избегнува дејствија што би можеле да ја прошират војната во Украина, изјавија вчера американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на НАТО, Марк Руте, во заедничка изјава по средбата на Флорида, на која разговараа и за војната во Иран.
Средбата се одржа откако американскиот претседател – кој често упатува критики кон западните сојузници на Америка – минатата седмица во Азија се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Ши Џинпинг, нарекувајќи ги двајцата свои „пријатели“.
„Разговаравме и за тоа колку е важно Русија да избегнува какви било дејствија што би можеле – намерно или ненамерно – да ја прошират војната, како и за важноста што поскоро да се постигне мирно решение за конфликтот“, наведоа лидерите во заедничката изјава.
Тие разговараа и за зголемување на трошоците за одбрана.
Средбата на Трамп со Путин предизвика реакции кај неговите политички противници од Демократската партија во САД, како и кај европските сојузници, кои инсистираа да бидат вклучени во преговорите поддржани од САД, чија цел е ставање крај на војната во Украина.
Руте, кој во повеќе наврати се обидуваше да ги намали тензиите во рамките на НАТО и да ја задржи наклонетоста на Трамп, истакна дека е нормално големите нуклеарни сили да се среќаваат.
Според нивната изјава, Руте и Трамп разговарале и за зголемување на трошоците за одбрана, како и за инвестиции во САД и низ алијансата НАТО.
Зеленски: Европа мора да биде вклучена во мировните преговори.
Војната во Украина и војната на САД и Израел против Иран биле главните теми на разговор, се додава во соопштението, но не се дадени детали за тоа што било кажано во врска со Иран.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше критикуван од Трамп, изјави дека Европа мора да биде вклучена во мировните преговори.
Трамп често упатува критики кон западните и демократските сојузници на Америка во врска со прашања како што се финансирањето на НАТО, трговските царини и, како што тврди тој, нивната недоволна поддршка за војната против Иран.
Текстот Трамп и шефот на НАТО: Русија треба да избегнува потези што би ја прошириле војната е превземен од МАКФАКС.





