Кошта бара компромис за долгорочниот буџет на ЕУ, Холандија сака подобар план

Кошта бара компромис за долгорочниот буџет на ЕУ, Холандија сака подобар план

пред 16 часа

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека сака да ги доближи земјите-членки до договор за следниот долгорочен буџет на Унијата на самитот на Европската унија (ЕУ), но некои лидери ги повторија своите забелешки на предложениот план.

„Ни треба долгорочен буџет што е соодветен за финансирање на нашите главни приоритети“, рече Кошта на прес-конференција пред самитот во Брисел, објави Ројтерс.

Холандскиот премиер Роб Јетен изјави дека Холандија не е подготвена да го прифати предлогот што моментално е на маса и оцени дека буџетот мора да се модернизира и намали за да се постигне договор.

„Сега е на Кошта да излезе со подобар предлог“, рече Јетен, пренесува Танјуг.

Текстот Кошта бара компромис за долгорочниот буџет на ЕУ, Холандија сака подобар план е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top