„Финансиската полиција потврди, Народната банка не побарала проверки за Алта банка – зошто Обвинителството молчи“, прашува СДСМ

„Финансиската полиција потврди, Народната банка не побарала проверки за Алта банка – зошто Обвинителството молчи“, прашува СДСМ

пред 1 час

„Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката. Ивановски призна и дека Финансиската полиција нема отворен предмет“, велат од СДСМ.

„Ова значи дека не се проверени потеклото на капиталот за кој медиуми во Србија наведуваат дека се криминално стекнати пари.

Значи клучни за Алта банка да влезе во Македонија биле консултациите на Трајко Славески со Христијан Мицкоски кои гувернерот јавни ги призна.

Мицкоски вчера во Собрание одбегна да одговори на прашањето од претседателот Венко Филипче со кого го направил дилот за влез на Алта банка во Македонија.

Во меѓувреме, истрагата во Србија се проширува, има нови осомничени и уапсени. Дубравко Мацура, брат на претходно уапсениот сопственик на банката Давор Мацура. Тој е осомничен дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат. Во истиот случај е уапсена и директорка на „Алта пеј груп“ Татјана Бундало.

Значи таму има истрага, има приведени, одземена е лиценцата на Алта банка, се истражуваат 380 милиони евра…. Во Македонија нема ништо. Македонското Обвинителство сè уште молчи и не отвора истрага за Алта банка.

Зошто? Дали има телефонска нарачка ништо да не се презима за да се спаст Мицкоски, Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка?

СДСМ на 12 ноември поднесе кривична пријава против Трајко Славески и други службени лица во Народната банка. Јавноста не знае дали се постапува по неа или се држи во фиока?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Финансиската полиција потврди, Народната банка не побарала проверки за Алта банка – зошто Обвинителството молчи“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top