Општина Бутел додели 349 спортски стипендии

Општина Бутел додели 349 спортски стипендии

пред 1 час

Општина Бутел вчера додели 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината.

Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот.

Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел.

„Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема“, рече Костовски.

Текстот Општина Бутел додели 349 спортски стипендии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top