Во Словенија 1.499 новозаболени од Ковид-19, стапија во сила нови мерки

пред 4 години

Според најновите податоци, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.499 нови случаи на коронавирус, засновани на 5.756 тестирани примероци.

Тоа значи дека 26 проценти од испитаниците се позитивни.

Во Словенија од полноќ стапија во сила нови мерки, вклучително и забрана за движење меѓу општините, што ќе важат низ целата земја.

Забраната, која ќе биде во сила седум дена, постепено ќе се олеснува во оние региони кои најуспешно ќе се борат против пандемијата на коронавирус.

Share
Scroll to Top