„Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат Top Employer 2026

„Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат Top Employer 2026

пред 4 часа

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина.

„Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, глобална организација која ги оценува и ги сертифицира компаниите што применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси и во грижата за вработените.

Сертификацијата се доделува врз основа на сеопфатна процена на политиките, процесите и практиките на компаниите во областа на човечките ресурси. Методологијата на Top Employers Institute опфаќа шест клучни области и 20 теми, меѓу кои стратегијата за човечки ресурси, лидерството, работната средина, привлекувањето и развојот на таленти, благосостојбата на вработените и корпоративните вредности.

„Особено сме горди што во годината во која го одбележуваме нашиот 90-годишен јубилеј ’Алкалоид’ го добива ова престижно меѓународно признание. За нас тоа претставува потврда за долгогодишната посветеност на развојот на компанијата, континуираното унапредување на корпоративните практики и градењето култура заснована на доверба, почит и заеднички вредности. Ова признание е дополнителен поттик да продолжиме да вложуваме во знаењето, професионалниот развој и создавањето нови можности со истата одговорност со која го градиме нашиот успех. Упатувам особена благодарност до сите алкалоидовци, чиј придонес е нераскинлив дел од ова заедничко достигнување“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Континуираното унапредување на организациските практики и развојот на човечкиот потенцијал остануваат меѓу стратешките приоритети на „Алкалоид“, придонесувајќи за одржлив раст, меѓународна конкурентност и за натамошно зајакнување на позицијата на компанијата со силен национален и меѓународен углед и со препознатлив корпоративен идентитет.

ПР

Текстот „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат Top Employer 2026 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top