Бислимоски: Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки за 6,16%

пред 4 години

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на денешната седница донесе одлука со која се намалува тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 %. Одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година.

„На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за намалување на тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски. Клучни причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ еднаш во годината носи одлука за тарифата за пренос на природен гас.

Share
Scroll to Top