Битиќи: Годинава исплативме рекордна финансиска поддршка за компаниите од 39,6 милиони евра преку ЗФПИ

Битиќи: Годинава исплативме рекордна финансиска поддршка за компаниите од 39,6 милиони евра преку ЗФПИ

пред 11 месеци

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, на заедничка прес-конференција ги презентираа податоците за исплатата на државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ) кој е дел од Планот за економски раст, воведен во 2017 година преку кој Владата им дава помош и поддршка на домашните компании за развој и нови инвестиции, а со тоа и за нови вработувања и е наменет за поддршка на развој и зголемување на конкурентноста на домашните компании.

„Планот за економски раст кој е наменет за поддршка на развој и зголемување на конкурентноста на домашните компании е воведен во 2017 година, првите исплати кон компаниите се прават на крајот на 2018 година. До воведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, или како ние на кратко го нарекуваме ЗФПИ состојбата е следна: поддржани нула домашни компании, со нула финансиска поддршка за нивните инвестиции. ЗФПИ првенствено донесе ист третман на домашните со странските компании во поддршката кон нивните инвестиции и сега шест години подоцна ја имаме следната состојба. Во моментов целото портфолио во мојот кабинет е од 919 компании, кои во овие шест години имаат инвестирано над 500 милиони евра а имаме исплатено 100 милиони евра финансиска поддршка кон нив“, рече Битиќи.

Според него, преку оваа поддршка се јакне довербата и партнерскиот однос помеѓу стопанството и институциите.

„Ако порано постоел страв да се побара било каква поддршка од државата, затоа што тоа значело инспекции и уцена, денеска имаме сосема поинаква слика, не само на редовна исплата, која пред 2 години ја направивме и во две годишни транши за да ги помогнеме компаниите во нивната ликвидност за време на кризата, туку и од 2020 година со почетокот на мојот мандат, имаме 100% исплата на државната помош. Оваа година исплативме рекордна сума на финансиска поддршка кон компаниите. 39,6 милиони евра се исплатени кон 513 компании, кои а во минатата 2022 година реализирале вкупни инвестиции од 153,3 милиони евра“, додаде Битиќи.

Текстот Битиќи: Годинава исплативме рекордна финансиска поддршка за компаниите од 39,6 милиони евра преку ЗФПИ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top