Битиќи-Недера: разговарано за Националната развојна стратегија

Битиќи-Недера: разговарано за Националната развојна стратегија

пред 11 месеци

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул, Стелиана Недера, придружена од постојаниот претставник на УНДП во нашата земја, Армен Григоријан.

Во нејзината прва посета на Северна Македонија, Недера се запозна со заедничките активности кои Владата ги спроведува во соработката со УНДП, на различни проекти.

Битиќи и претставниците на УНДП разговараа за Националната развојна стратегија, за што тој информираше дека веќе е подготвена нацрт верзија на Законот за НРС која ќе се финализира до крајот на ноември, после што се очекува да се усвои и од Собранието.

На денешиот состанокот стана збор и за Инструментот за зелено финансирање, за кој Северна Македонија беше избрана меѓу десет најдобри земји за финансискиот инструмент во светот, и за што ќе добие средства од Заедничкиот фонд за Целите за Одржлив Развој. Во оваа прилика вицепремиерот Битиќи и директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул, Стелиана Недера се осврнаа на техничките детали од проектот кој успешно беше промовиран на 3 ноември 2023 година.

Заедничка констатација на средбата беше дека финансиската поддршка од оваа програма ќе обезбеди пристап до поевтино финансирање за мали и средни претпријатија, како и за физички лица и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и во решенија за енергетска ефикасност.

Текстот Битиќи-Недера: разговарано за Националната развојна стратегија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top