Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај, кажа на прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
„Мерката на Владата со замрзнување на маржите или така наречената есенска кошничка не даде никаков ефект и цените не се намалија. Државниот завод за статистика го потврди тоа, цените на мало во месец октомври се намалиле само 0.1%. Но, наместо да се откаже од нови погрешни мерки, го слушаме премиерот Мицкоски како најавува нова нова кошничка. Овојпат ноговодишна, којашто ќе ги намали цените пак за 0.1%. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните. Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот“, рече Тренчевска.
Според неа, предлог Законот предложен од СДСМ за укинување на ДДВ на храната е вистинско и одржливо решение кое власта требаше да го прифати а не го игнорира.
„Со укинување на ДДВ на храната на основните производи ќе поевтинат веднаш 250 категории производи. Реална заштеда кај граѓаните и до 2.000 денари што значи повеќе пари во нивните џебови. Дополнително, воопшто нема да биде товар за компаниите и трговците не може да ја изиграат. Игнорирањето на Владата на Мицкоски на ова добро решение е игнорирање на потребите на граѓаните и нивниот животен стандард. Граѓаните не треба да бидат жртви на политичкото его на Мицкоски. Бараме Владата да се откаже намерата од нови мерки со 0.1% ефикасност и да го прифати законското решение на СДСМ за намалување на ДДВ на храната“, истакна Тренчевска.
Текстот (Видео) Тренчевска: Власта најавува нова кошничка што ќе ги намали цените за 0.1%, ова е навредувачки и потценувачки за граѓаните е превземен од МАКФАКС.