Вклучи се во рушење на Гинисов рекорд со твојата бизнис идеја

пред 3 години

За прв пат во Македонија се организира рушење на Гинисов рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори. На овој настан ќе се претстават над 90 бизнис идеи пред шест члена комисија, каде најдобрите 5 бизнис идеи ќе добијат финансирање во износ од 25.000 евра за реализација на истите. За да се сруши овој рекорд потребно е настанот да трае над 30 часа, каде секоја идеја ќе добие време од 10 минути за презентација пред комисија.

Koj може да биде дел?

– Претприемачи кои имаат само идеја која сакаат да ја развијат
– Постоечки бизниси кои сакаат да ја претстават својата идеја пред јавноста
– Инвеститори кои сакаат да дојдат до супер таленти

Кој стои позади овој настан?

Зад организацијата на овој настан стои компанијата Нетворкер која и самата има започнато како иновативна бизнис идеја. Искуството на Нетворкер е токму во развивање на иновативни бизнис идеи преку досегашните спроведени 50+ google design sprint работилници и браинстормирано над 1000 бизнис идеи. Компанијата Нетворкер постои за да ја развие следната генерација на стартапи кои имаат потенцијал да го менуваат општеството, спојувајќи претприемачи, интересни идеи и инвестициски капитал. Покрај Нетворкер, поддржувачи на овој настан се: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Macedonian Business Angels, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и уште многу други ентузијасти.

Со организирање на овој настан добиваме можност да срушиме еден интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери.

Дали твојата идеја е една од нив?

Пријави се на овој линк.

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top