Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари. Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот. Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари, стои во писмената реакција од страна на опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Основните намирници, за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија. На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски и СДСМ, додаваат од партијата на Мицкоски, буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. „Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада“, се посочува во соопштението од оваа партија.