Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека заради неспособноста на владата граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.
Владата, сметаат од таму, не испреговара евтини цени за гасот кога тоа го правеа сите држави од регионот и светот.
Оценуваат дека Македонија плаќа најскап гас.
„Хаварија е и во снабдувањето со струја. Во РЕК не се копаше јаглен и се донесовме во ситуација како држава среде зима да немаме резерви ниту за две недели, па мораше да се купува скап јаглен и скапа струја. Неспособноста на владата резултира со поскапи сметки за парно и за струја за најмалку 1500 денари по домаќинство“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, Владата на СДСМ, како што велат, не може да ја извади државата од енергетска криза. Додаваат дека се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.