ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тоне на анкетите, а тоа е резултат на економското тонење и осиромашувањето на граѓаните

пред 3 години

СДСМ тоне на анкетите, а така ќе биде и на изборите кога ќе им се случи тотален потоп. Тоа е најдобар одговор на народот за катастрофалните политики кои ги води владата на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Македонија е земја која имаше најголем пад на БДП во 2020 во споредба со земјите во регионот, а во исто време има најмал раст на БДП во 2021 година.

Само минатата година затворени се 7000 фирми што е рекорден број, а веќе три години по ред има пад на индексот на бројот на работници во индустријата.

Инфлацијата го изеде стандардот на граѓаните. За година дена лебот поскапи за 110%, горивата за 70%, струјата за 30%, парното за 15% и сите животни продукти за најмалку 30%. Затоа над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија.

Единствено што расте е долгот кој достигна 61% од БДП или во номинален износ тој ха надмина психолошката граница од 7 милијарди евра.

На Македонија и се случува тотален економски крах и тоа мора да се спречи. Првиот чекор е оваа влада на СДСМ и ДУИ, на администраторот со 4% рејтинг да замине, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top