Вработените во администрацијата се жалат дека не се заштитени од коронавирусот

пред 4 години

Бројот на заразени од пандемијата со коронавирусот секојдневно е во пораст, но и покрај ваквите статистички параметри државните институции не ја почитуваат одлуката на Владата за организација на работните процеси со цел обезбедување работни услови во кои ќе биде заштитено здравјето на вработените.

До ваква конститатација дошло Здружението за заштита на работничките права, а врз основ на зголемениот број пријави и вработени во државната управа кои говорат за несоодветни услови за работи, групирање во мал работен простор и необезбедување на заштитна опрема. Сите овие услови, велат од Здружението, се спротивни на препораките за заштита на здравјето и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Информациите говорат дека секојдневно расте бројот на позитивни случаи во државната управа. Ова се должи не грубото непостапување согласно со здравствените прописи од страна на носителите на јавни функции“, се наведува во соопштението.

Здружението ги повикува сите носители на јавни функции, именувани и избрани директори итно и неодложно да преземат мерки за заштита на здравјето на вработените во организациите/институциите со кои тие раководат.

Воедно, велат од таму, потсетуваме дека непостапувањето по оваа одлука на Владата преставува свесно загрозување на здравјето на граѓаните и кршење на законите, здравствените прописи и протоколи и истото повлекува материјална и кривична одговорност.

„Во оваа прилика ги повикуваме сите вработени преку синдикалните организации, но и индивидуално да ги искористат сите механизми кои се ставени на располагање во насока на обезбедување на нивните здравствени и работничи права. Задача и обврска на синдикалните организации е да ги штитат правата на вработените и мора веднаш да се изборат за подобри услови за работа и заштита на здравјето. Апелираме до Инспекцискиот совет, односно до Државниот пазарен инспекторат да излезе на терен и да утврди кршење на здравствените прописи и одлуки и да донесе соодветни мерки со кои ќе се санкционираат функционерите кои постапуваат спротивно на здравствените прописи“, велат од Здружението.

Од таму го повикуваат министерот за здравство, Венко Филипче да формира работна комисија која во соработка со Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе ја контролираат работата на државните институции и почитување на препораките и одлуките.

Share
Scroll to Top